Актерката Лидија Вукичевиќ (57) има момче кое е помладо од неа цели 15 години. Познатата Виолета од култната серија „подобар живот“ вели дека е заљубена како тинејџерка во маж кој го крие од јавноста.

„Минувам прекрасно време со него! Се гледа од авион дека сум заљубена. Никогаш не сум била намќор, секогаш сум имала весел дух, но кога сум заљубена, имам насмевка од едното до другото уво“ – изјавува Вукичевиќ и продолжува:

„Некамисли кој што сака, но јас сакам помлади мажи на возраст помеѓу 41 и 45 години. Ако излезам со дете од 29-30, сите ќе речат: „Погледни ја, мајка може да му биде“. Ако излезам со некој кој има 60 или 65 години, тогаш пак ќе речат: „Излегла со дедо кој е полн со пари“. Не ме интересира што ќе каже некој, но имам синови, а нивното мислење и тоа како ми значи. Вака, најдов златна средина“ – вели актерката.