ите ние ја знаеме изреката дека кучето на човекот е неговиот најдобар пријател. Ова тврдење доби уште една потврда.

Луѓето кои имаат куче како домашно милениче живеат подолго, покажа научна студија од 2019 година.

Имено, истражувачите анализирале податоци од десет други научни студии во кои учествувале скоро четири милиони луѓе и откриле поврзаност помеѓу кучето и помал ризик од кардиоваскуларни заболувања, пишуваат странските медиуми.

Дури и оние сопственици на миленичиња кои се бореле со злобни болести имале подолг животен век.

Еден од факторите за посилен имунитет кај сопствениците на кучиња е поголема физичка активност. Сопствениците на кучиња одат почесто, барем двапати на ден, обично наутро и навечер, а понекогаш и трчаат со своите миленици.

Вториот фактор што е поврзан со првиот е повеќе време поминато на свеж воздух.

Третиот фактор е од психолошка природа, а тоа е фактот дека кучињата, како наши верни пријатели, секогаш се со нас. Според тоа, тие го намалуваат стресот и чувството на осаменост и депресија.

Извор: Порта.мк