Кога станува збор за модата, јавните личности знаат да се појават во различни модни комбинации.

Понекогаш се случува една јавна личност да носи една иста модна комбинација на повеќе случувања, но и две јавни личности да се облечат во иста комбинација.

Пејачката Маја Беровиќ пред некој ден ја издаде песната „Имам проблем“ со Аца Лукас која ја сними во дует.

На промоција на дуетот, Беровиќ се облече во краток црно – црвен фустан со жолт натпис.

Ваков ист фустан пред еден месец носеше и македонската инфлуенсерка Љупка Митрова.

Љупка со иста ваква модна комбинација позира пред автомобил.

Инфлуенсерката виде дека Маја носи ист фустан, па на социјалните мрежи ја сподели фотографијата од Беровиќ и порача: „Чао Маја, после еден месец“.

Исто така следебениците на Љупка ја забележаа истата модна комбинација, но порачаа дека на нашата Македонка поубаво и стои.

„Хахаха, Љупка каде се губи Маја. На тебе 100% подобро ти стои“ е еден од коментарите на социјалните мрежи.

„Секојпат оригинална Љупка, овој пат ископирана од Маја Беровиќ.

Маја има ист фустан како твојот“ е друг коментар.

Љупка и Маја во ист фустан, на која подбро и стои?

Извор: Вистина.мк