Од Владата информираат дека двете страни се согласуваат да го промовираат договореното и во најкус можен рок да ги усогласат датумите и заедничките одбележувања.

Владата на вчерашната седница ги прифати сугестиите за заедничко чествување Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил.

Од Владата информираат дека двете страни се согласуваат да го промовираат договореното и во најкус можен рок да ги усогласат датумите и заедничките одбележувања. Се прифаќаат и заедничките принципи и забелешки за содржината на учебниците за 5 одделение во Бугарија и за 6 одделение во земјава.

Владата во исто време бара заедничката мултидисциплинарна експертска комисија решително да ја забрза својата активност за значајни теми како Гоце Делчев и Илинденското востание и други и да настојува да се постигнат реални резултати до крајот на 2019 година, во однос на содржината на учебниците.