Прилепчанецот Гоце Бошкобвски – Чоки е еден од оние македонски учесници во најголемото и најпопуларно регионално музичко натпреварување, музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, кои во минатиот циклус оставија најсилен впечаток , а и најдалеку дотуркаа.

Годинава Гоце – Чоки е повторно дел од региналната „ѕвездена елита“ со уште посилни амбиции и поголеми надежи дека конечно ќе го допре самиот врв и ќе се вброи меѓу првата лига на „Ѕвездите на Гранд“, како отскочна штица за сериозна кариера и надвор од Македонија.

Тој неодамна се пофали дека поминал во следната фаза помина преку социјалните мрежи, истакнувајќи дека го пемостил и 4-иот круг.

На патот кон тронот, Гоце не ја запоставува и сопствената кариера во Македонија, па така неодамна ја сними, ја визуелизираше а вчеравечер, недела, 27 септември во етерот ја промовираше својата најнова песна и видеото за неа насловени „Искинати спомени“.

Комплетен автор на песната (музика, текст, аранжман) е стариот проверен мајстор, композиторот и продуцент Кристијан Габроски.

Видеото кое ја следи фабулата на приказната од текстот во кој по старата добро позната навика: „Одговорот го знам, откако ќе останам сам“ е во режија на Оливер Ангелески, за камерата и монтажата бил задолжен Георгиј Трајкоски, асистент – Горан Попоски, додека за светлото Мартин Милкоски.

Во видеоприказната покрај Гоце-Чоки, својата работа одлично си ја завршиле актерите Здравко Стојмиров и Јасмина Јонческа кои впечатливо ја пренеле пораката што ја испраќа песната, која можеби најдобро во својот коментар ја опишал еден од пријателите и следбениците на младиот пејач на социјалните мрежи:

„Оваа песна е порака за вљубените кои не си ја искажале својата љубов , во вистинско време , на вистински начин. Доцна сфаќаме дека љубовта е се’, а зошто да живееме од спомени во минатото, кога можеме заедно да ги создаваме денес …“!

Порака која Гоце Бошковски – Чоки очигледно со многу љубов и дел од својата душа ја остава во своите „Искинати спомени“, песната и видеото кои можете да ги проследите во продолжение: