Кадетската репрезентација на Македонија вечерва доживеа пораз со 22:31 од Јапонија во рамки на 5 коло на Светското првенство кое се игра во нашата земја.

Азијците поведоа на стартот со 0:6, а македонските ракометари цел натпревар го бркаа резултатот и се обидуваа да ја стигнат разликата, која така и не успеаја да ја анулираат до крајот.

Најдобар стрелец кај „жолто-црвените“ беше Костески со осум гола, а Серафимов помогна со четири гола.

На тој начин нашите млади ракометари групната фаза ја завршија со две победи (Бахреин и Нигерија) и три порази (Данска, Аргентина и Јапонија) и завршија како четврта.

По овој епилог на настаните, противник на Македонија во осминафиналето ќе биде Поргугалија.

Подобриот од дуелот ќе измери сили во четвртфиналето со Франција или Шпанија.

Осминафиналните дуели се играат во среда, 14 август.