Малото момче Михаел е пронајдено.

Според информации детето е најдено на Железничка станица и во е прибрано во пункт на ЈСП. Останува нејасно како детето се изгубило и стигнало до Железничка станица.

Неговата мајка преку социјалните мрежи побара помош во пронаоѓање на нејзиниот син кој излегол од дома од каде му се губи трагата. За среќа, тој е успешно пронајден здрав и жив.