Меѓународен сојуз каде претседател беше Бојан Јовановски, БМЈ груп во чија сопственост беше 1 ТВ и Томато продукција во чии простории всушност беше сместена телевизијата, ќе заработат кривични пријави од УЈП.

Управата за јавни приходи утврдила дека не платиле данок на добивка, ДДВ и персонален данок во вредност од 325.000 евра.

Како што информираат од УЈП на брифинг со новинарите, овој наод е резултат од извршените контроли во овие правни лица, но постапката се уште не е завршена бидејќи дел од раководителите на субјектите се уште не ги разгледале записници.

Од Управата посочуваат дека вршат контрола во уште една фирма, кој била поврзана со овие три фирми, и најавуваат дека ќе направат контрола на физичките даночни обврзници што работеле со овие фирми.

Воедно, од таму истакнаа дека лице кое не е многу познато во јавноста се пријавило да ги преземе фирмите и да ги плати нивните долгови, пренесе Фокус.

Јовановски е првоосомничен во Рекет и веќе е во притвор два месеци.