Праксата воспоставена од ова владеачко мнозинство продолжува за жал продолжува и на крајот од ова ненародна власт, почнуваме седница во 22 часот без неколку минути, а пратениците денеска се цел ден во собранието.

Ова што денес се случува во Собранието, овие непринципиелни понуди, преговори, разговори се типични само за ова власт која што три години прави штети на граѓаните во Република Македонија, истакна од собраниската говорница координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

-Чекавме буквално од 9 часот утринава за започнување на седница, во недела во која нема ниту една официјално седница закажана, за да почнеме во 22 часот.

Зошто? За да можат да тргуваат со гласовите на колегите пратеници, за да можат да договараат непринципиелни работи кои што сакат на два дена пред распуштање на Собранието да ги поминат во овој законодавен дом.

Ова наше собрание личи на се, само на законодавен дом не.

Затоа ова што го правите сега, ова што го правите изминатите три години, граѓаните го гледаат и многу брзо по распуштањето во недела и на 12ти април ќе бидете казнети за сите овие непринципиелни политики кои што три години ги водите на грбот на граѓаните во Република Македонија, рече во своето излагање Мицевски.