Во емисијата „24 Отворено “ гостуваше претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој кажа дека ВМРО ДПМНЕ бара предвремени избори и дека разликата ќе биде најмалку 100 гласови.

Имено Мицкоски кажа дека ставот на партијата е јасен односно дека веднаш после одлуката на Европскиот совет во насока на тоа дали Македонија ќе добие или нема да добие датум за преговори или некоја форма со услов или таканаречен условен датум а се со цел да се провери дали сето она што го зборува владата дека состојбата во Македонија е блескава или не или она што ВМРО ДПМНЕ континуирано го говори а тоа е дека СДСМ единствено донесоа се освен ветениот живот.

Мицкоски кажа дека после ова треба да се организираат парламентарни избори и организирање на техничка влада за да се провери кој ја зборува вистината. Тој додаде дека тоа е вистинскиот начин за да пред граѓаните да им се даде еден отчет за сработеното.

– Да поминеме кон организирање на предвремени парламентарни избори да организираме техничка влада, и веднаш потоа да провериме кој ја говори вистината . Мислам дека тоа би било вистински начин да пред граѓаните на еден начин дадеме отчет да бидеме отчетни пред граѓаните за тоа што сме го сработиле дали ние како опозиција во овие еве веќе трета година влада на СДСМ и Зоран Заев или тоа што го направи Зоран Заев и неговиот тим како власт во Македонија веќе трета година по ред кажа Мицкоски

Тој додаде дека според сите вистински анкети предноста на ВМРО ДПМНЕ ќе биде најмалку 100.000 гласови во корист на ВМРО ДПМНЕ.