Стратегијата која Заев вчера ја кажа (цитирам) “Ќе оставиме компаниите кои бележат загуба да пропаднат”. Морам да кажам дека ова не се вика стратегија, туку неспособност да се помогне на економијата, оценува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

Штотуку соопшти дека неколку илјади компании кои денес, пред се поради кризата, но и од други причини бележат загуби, нивните сопственици, вработените таму треба да знаат дека нема помош од Владата, тие ќе бидат оставени на милост и немилост да пропаднат, како што вели Заев. Илјадници вработени ќе останат на улица.

Вели ќе помагал на “локомотивите”(читајте – оние кои бележеле профит), а за жал единствените локомотиви денес се бизнисите на мафијата, оние кои земаат милионски бизниси од Владата.

Пред изборите Заев најави пет нови странски инвестиции во септември, доколку остане премиер. Дојде октомври, бројката е нула.

Вчера најави 3 милијарди долари странски инвестиции, демантот стигна уште денес, Владата раскина договор за закуп на земјиштето во Бунарџик со две странски компании.

Револуционерната мерка која Заев вчера ја најави е намалување на администрацијата за 20 проценти, што во превод значи партиски реваншизам, за да останеле пари за капитални инвестиции.

Финансии за капитални инвестиции има, но се клучни два фактори зошто нема нивна реализација, прво неспособни се министрите да ги реализираат, второ, парите за капитални инвестиции се трошат за купување на социјален мир, картички и политика „купи ден-помини“.

Земја во која премиерот се фали дека затворал факултети, нема иднина. Мафијата мора да падне, за Македонија да опстои.