Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција откри дека во еден момент на искреност Заев за време на преговорите рекол „ако ова го прифатиме ќе не потрупате со обиненија“.

-Во момент на искреност Заев призна, а неговата реакција за преговорите беше со зборовите „ако ова го прифатиме, вие ќе не потрупате со обиненија“. Човек што е чесен нема таква изјава да даде. Можеби ние имаме материјали од сега нелегално снимени кои можат да бидат индиции за сторен криминал. Тие сакаат со Законот да се опфатат материјали од 2008 до 2015, а ние велиме да важи без рок, изјави Мицкоски на денешната прес конференција.