Денес остварив средба со претставничката на УНИЦЕФ во државава Патриција Ди Џовани, напиша на Фејсбук министерот за Труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

На средбата изразив голема благодарност за започнатите процеси на соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ, пишува Мизрахи.

Имено, помеѓу двете институции постои долгогодишна успешна соработка при што се реализирани многу проекти кои биле во интерес на децата, информираше министерот за Труд и социјална политика Рашела Мизрахи.