Четирикратниот олимписки шампион Мохамед Фарах најави дека ќе настапи на Игрите во 2020 година во Токио на трката на 10.000 метри.

По Светското првенство во 2017 година, британскиот тркач престана да настапува во оваа дисциплина и се префрли на маратонот.

– Решив дека следната година во Токио 2020 ќе се вратам на патеката од 10.000 метри.

Многу сум возбуден што пак ќе настапувам на оваа трка. Се надевам дека не ја изгубив брзината, но напорно ќе тренирам, ќе видам што можам, изјави Фарах на неговиот канал на ЈуТуб.