Нема никаков одговор од власта откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски јавно обелоденија дека се следени. Нејасно е зошто власта молчи и одбегнува одговор на вака важни тврдења дека се следени највисоките претставници на опозицијата и тоа подолго време.

Николоски пред вицeпремиерката Шекеринска јавно рече дека дека тајните служби го следат и прислушуваат врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

За тоа што не следат тајните служби ќе има одговорност. На овие парапортали ние гледаме дека сме следени од службите на Република Македонија. Врвот на ВМРО-ДПМНЕ и нашите семејства во моментов се под физичка опсервација и телефонски следени. Алармирам во јавноста. Каде да алармирам? Како СДСМ секогаш чекор пред нас знае што ќе направиме, а тоа се од телефонски разговори меѓу функционери на ВМРО-ДПМНЕ-објасни Николоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Фокус“ побара одговор чија пара партиска структура организирано го следи.

Очигледно власта е исплашена па мора да организира следење на лидерот на опозицијата.Но во исто време не е проблем да продолжат со крадењето на државниот буџет и да не прават ништо во однос на економската криза-објасни Мицкоски.