Тимчо Муцунски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински брифинг“ посочи дека оваа Влада нема опипливи реформски активности, а тоа може да се загледа во различни области.

Вели дека сето тоа, на крај од денот, граѓаните најмногу го чувствуваат.

Граѓаните чувствуваат дали има правосудни реформи во државата, дали има правна предвидливост.

-Оваа влада немаше капацитет за реформи. И земајќи ја во предвид таа нова рамка која што се гради во методологијата со кластерите, со исто така утврдување на неколку приоритетни аспекти кои што се битни, дури и надвор од рамката на кластерите, а сметаме дека се потребни многу подлабоки и покоренити реформи, истакна Муцунски.

Муцунски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ја следи работата на Владата, при што ќе даде сериозен фокус и примат на програмата која што ќе дојде за претстојните парламентарни избори кога и да се случат.

-Според гледиштата на НАТО, ние во 2008 година сме биле подготвени за членство во НАТО. А, веќе во 2009-тата година сме имале доволно постигнати реформи за отпочнување на преговори, потсети Муцунски.

Муцунски образложи дека од таа гледна точка Македонија во 2009 година не условено туку беше подготвена за отпочнување на преговори.

-За жал, Владата на СДСМ и ДУИ немаше капацитет да спроведе реформи, нагласи Муцунски.