„Најмногу се плашам од Стоилов… Тој е играч, човек со муда и карактер како Шар Планина, прав патриот… Урбана легенда…“, го величаат македонскиот репрезентативец во колумната на „балкан-хендбал“.

Така оди тоа во оваа наша земја! Ретко кога знаеме да го цениме и да го вреднуваме оној што навистина го заслужува тоа, па треба некој друг од надвор да ни го каже, пишува спортскиот портал Спортмедиа.

Да не се сфатиме погрешно, не се однесува ова за сите, но додека на Балканот, Стојанче Стоилов е страв и трепет и најголемата закана која ја гледаат во нашиот национален тим, дома, некои не го именуваат.

„Најмногу се плашам од Стоилов… Тој е играч, човек со муда и карактер како Шар Планина, прав патриот… Урбана легенда… Стоилов е појава, знаменитост поголема од повеќето споменици подигнати во Скопје и тоа од неговото појавување… Делува опасно, но во суштина, оние кои добро го познаваа, кажуваат дека е добро момче, позитивен лик и сјаен тип, кој малку зборува, но кога ќе каже нешто, тогаш погодува каде треба…”, вели во колумната за „балкан-хендбал”, новинарот на хрватски „Вечерњи лист” и уредник на спортскиот неделник „Макс”, Младен Милетиќ.

Целосната колумна може да ја прочитате ТУКА.