Жителите на градот Брајтон не се задоволни од моменталната состојба во која се наоѓаат поради кралското семејство, пишува Дејли мејл.

За даноци нив им се наплаќаат големи суми пари и тие покренале петиција за укинување на кралските титули на принцот Хари и војвотката Меган.

Брајтон е дел од Источен Сасекс, кој пак, спаѓа под војводството на Хари и Меган.

Според брајтонците, титулите кои ги користат Хари и Меган во службените документи се недемократски и симбол на угнетување на широката јавност од страна на богатата елита.

Локалните власти ќе донесат крајна одлука во октомври. Петицијата ја потпишале околу 2000 жители.

Принцот Хари стана војвода од Сасекс откако се венча со Меган Маркл, а со тоа е и само втор војвода во Сасекс во историјата, а прв во речиси два века.