Понеделник. Забавата и слободното време ви се ограничуваат, а работните обврски ви грабаат огромен дел од денот.

За жал, понеделникот секогаш доаѓа, не можете да избегате од него.

Но, можете да ги промените своите чувства кон овој „омразен“ ден.

Еве неколку предлози како да го засакате почетокот на работната седмица:

– Користете ги викендите максимално.

– Припремете си привлечна/нова модна комбинација.

– Понеделнички наместете го алармот половина час порано.

– Одете на фризер или на маникир токму во понеделник.

– Престанете да живеете за викендот.

– Помислете на невработените и бидете благодарни и среќни што имате работа.

– Одолејте му на искушението да го преспиете викендот.

– Сокријте си мало слатко изненадување.

– Правете го понеделничкиот распоред во петок, но не вметнувајте премногу обврски.

– Купете карти за театар, концерт или кино за среда вечер.

– Усреќете некој друг.

– Гледајте на понеделникот како на шанса за нов почеток.