Невработеноста во Германија е на најниско ниво од обединувањето на поранешна Источна и Западна Германија во 1990 година, објави денеска германската Федерална агенција за вработување (БА).

Во ноември, 2,18 милиони луѓе беа невработени во земјата, со стапка на невработеност од 4,8 проценти.

Во ноември, 24.000 луѓе беа помалку невработени во однос на претходниот месец и 6.000 помалку отколку во истиот месец лани, покажуваат податоците.

„Сегашниот економски пад е се уште забележителен на пазарот на трудот“, изјави шефот на Агенцијата, Детлеф Шеле.

„Но, во целина, економијата е робусна“, додава тој.

Со регистрирани 736.000 работни места во Бирото за вработување, побарувачката за работна сила останува голема.

Сепак, тоа е за 71.000 работни помала побарувачка отколку во истото време минатата година.