Конгоанскиот ракометар Готје Мвумби, кој е главна ѕвезда на СП во Египет благодарение на неговиот изглед и прекумерната тежина, на дуелот против Аргентина даде 4 гола и тоа од четири шута.

Во напад е непогрешлив, но враќањето во одбрана му е проблем и затоа во првото коло играше само 11 минути.

Официјално, според сајтот на ИХФ, Мвумби има само 89 килограми, а реалноста е дека има 40-тина повеќе. Од неговиот клуб велат дека има 110 килограми, но и тоа не делува веродостојно. Сепак, според информации објавени во локалните медиуми, вистинската тежина на ракометарот е дури 130 килограми.

Тежината му пречи брзо да се враќа во одбрана после нереализиран напад. Додека Мвумби да се врати во одбрана, Аргентина напаѓаше со човек повеќе и даде гол во оваа ситуација.