Клубот Њујорк никс веќе петта година по ред е најскапиот од НБА објави „Форбс“.

Цената на франшизата е 4,6 милијарди американски долари, според веб-страницата на списанието.

На второ место на ранг-листата се Лејкерс, а по нив е Голден Стејт.

Според „Форбс“, вредноста на клубовите во НБА се зголеми во текот на изминатата година за 14 проценти, достигнувајќи во просек 2,12 милијарди долари.

Актуелниот шампион Торонто покажа најбрз раст во однос на истиот период минатата година, цената на франшизата порасна за 25 проценти и достигна 2,1 милијарди долари.

Првите десет најскапи клубови во НБА:

1. Њујорк – 4,6 милијарди долари,

2. ЛА лејкерс – 4,4 милијарди,

3. Голден Стејт – 4,3 милијарди,

4. Чикаго – 3,2 милијарди,

5. Бостон – 3,1 милијарди,

6. ЛА клиперс – 2,6 милијарди,

7. Бруклин – 2,5 милијарди,

8. Хјустон – 2,475 милијарди,

9. Далас – 2,4 милијарди,

10. Торонто – 2,1 милијарди.