Топовите на едно раме направија вистински камбек ова лето.

Трендот кој на пристоен начин открива малку кожа и ја истакнува клучната коска, како да е создаден за вечерните заводливи излегувања.

Ова лето асиметријата е дополнително истакната  со колан и разни додатоци.

За вечерно излегување топовите со едно раме комбинирајте ги со миди и мини здолништа или палацо пантолони, а за дневни прошетки комбинирајте ги со фармерки и ленени пантолони.

Оваа суптилна модна игра со откривање на едно раме создава максимален ефектен изглед.