Јутјуб каналот „ХендболТВ“ ги објави платите на ракометарите на Вардар во изминатите години, според нив најплатен бил Игор Карачиќ, а по него следуваат Дибиров, Криштопанс и Штербик.

Ако може да се верува на бројките кои беа објавени во видеото на Јутјуб, тогаш Вардар најголема плата му дала на Карачиќ, која изнесувала 15.500 евра месечно, а зад него следат Тимур Дибиров со 15.000, како и Даинис Криштопанс со исто толку голема плата.

Потоа е Арпад Штербик со 14.800 евра месечна плата, па Лука Циндриќ со 12.500 евра во Топ-5.