Следните два натпревари на Вардар се одложени на неодредено време, соопштија од клубот.

Во недела требаше да се игра реванш средбата од четвртфиналето на СЕХА Газпром лигата со НЕКСЕ, а на 22 март „црвено-црните“ требаше да бидат домаќини на првиот осминафинален дуел со ПИК Сегед.

– Раководството на СЕХА донесе одлука да го одложи овој натпревар и оној меѓу Веспрем и Војводина поради актуелната ситуација со коронавирусот и потешкотиите со кои се соочија гостинските екипи при патувањето.

Уште вчера нашиот клуб побара одложување на истиот натпревар.

Натпреварите се одложени на неодредено време и наскоро од канцеларијата на СЕХА би требало да информираат за следните чекори.

Истото се однесува и за натпреварите од ЕХФ лигата на шампионите. ЕХФ информираше дека се одложени сите натпревари од европските купови на неодредено време, се вели во соопштението на РК Вардар.