Освојувачот на Купот на Германија ќе собере повеќе од 10 милиони евра, објави ДФБ. Секој од полуфиналистите ќе освои по 5,5 милиони евра.

Целта на германскиот фудбалски сојуз е да го зголеми интересот за турнирот и желбата на клубовите да ги пуштаат стартерите во него.

Во последното издание на турнирот, Баерн Минхен освои 4,5 милиони евра за пласман во финалето, а вице-шампионот РБ Лајпциг собра 3,5 милиони евра.

Наградниот фонд се зголеми во целина. Така, 32-те клуба кои ќе бидат елиминирани во првото коло годинава ќе добијат 175 илјади евра.