Поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Почетино сака да го преземе Манчестер Јунајтед, пренесе локалниот „Ивнинг Њуз“.

47-годишниот Аргентинец едвај чекаше да ги преземе „црвените ѓаволи“ дури и по ослободувањето на Жозе Мурињо во зимата 2018 година, но тогаш Даниел Леви даде се од себе за да спречи таква можност. Тимот на „Олд Трафорд“ подоцна го зеде Оле Гунар Солскјер.

Почетино беше ослободен од петлите пред неколку недели, а неговото место го зазеде токму Мурињо, чие место Аргентинецот сакаше да го окупира пред една година.

Јунајтед оваа сезона има 18 поени по 14 одиграни натпревари и се наоѓа на 9-то место во пласманот во Премиер лигата, при што островските медиуми се повеќе шпекулираат дека Солскјер би можел да биде ослободен следната недела при лоши резултати во следните два натпревари.

Екипата на Манчестер ќе биде домаќин на Тотенхем утре вечер во 20:30 часот а во сабота оди на гости кај ривалот Манчестер Сити, во дуел кој почнува од 17:30 часот.