Актерката Шели Морисон, која глумеше популарната серија „Вил и Грејс“, почина на 83 години во Лос Анџелес.

Таа во серијата ја имаше улогата на куќната помошничка Розарио, која работеше за себична жена милионерка. Како што јавуваат американските медиуми, Шели починала вчера како последица од срцев удар.

Во серијата таа глумеше од 1999 до 2006 година, појавувајќи се во 68 епизоди.

Обожавателите на серијата „Вил и Грејс“ се простуваат од Шели преку социјалните мрежи.