На Светското првенство во кошарка во Кина денес стартува елиминациската фаза.

По завршувањето на двете групни рунди, меѓу осумте најдобри од фаворитите ги нема Грција, Русија и Литванија, а пријатно изненадија Полска и Чешка.

Четвртфиналето ќе почне во 13 часот со средбата Аргентина – Србија.

На вториот денешен дуел, од 15 часот ќе играат Шпанија – Полска.

Другите две четвртфинални пресметки се закажани за утре.

Во нив ќе се соочат:

САД – Франција и

Австралија – Чешка.