Полицаец од Остин во американската сојузна држава Тексас, стана херој во својот град, но и во целата земја, со својот мал, но сепак несекојдневен човечен потег.

Имено, полицаецот Џејмс Рајли забележал дете близу супермаркет, само и далеку од својата куќа, кое му рекло дека е тука само за да купи грицки за својата сестра.

Полицаецот се загрижил за безбедноста на момчето, оти било само и без придружба, па решил да го одведе дома.

Таму, Рајли забележал дека станува збор за сиромашно семејство. Па, откако на децата им објаснил дека не треба сами да излегуваат така далеку од својот дом, си заминал. Но, за кусо време се вратил со намирници за сите во домот, со цел, како што рече, запомнувајќи го тој потег, полесно да ја запомнат и лекцијата.

Со тоа, полицаецот за многу кусо време стана херој за локалните жители.

„Родителскиот инстинкт е тој што го натерал на акција“, „Не само што ги штити најмалите, туку му служи и на Бога“, се само дел од коментарите на неговите сограѓани.