Убавата Сетафани Борсова – Стојановиќ, поранешна мис на Македонија стана мајка по вторпат.

Убавата вест ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук и откри дека родила девојче.

Сега семејството на Стефани е пошироко за уште еден член, а по првото синче кое веќе е потпораснато детенце, сега дојде и малата принцеза.

Имено, Стефани деновиве за еден српски поратал откри дека повторно ќе се оствари во улогата на мајка, но беше резервирана кога беше во прашање објавување фотографии од трудничките денови и нараснатото стомаче.

За потсетување, таа во 2010 година ја понесе титулата за најубава Македонка, а потоа нејзиното лице и маркантна појава можевме често да ги гледаме на телевизија и на насловните страници.


Но, ова не треше многу долго, бидејќи Стефани набрзо по изборот се омажи во Србија, потоа роди син и се повлече од јавноста.

Денес некогашната мисица води мирен и повлечен живот во Сремска Митровица, а од неодамна наводно е сопственичка на кафуле во истиот град.