Премиерлигата е прекината поради пандемијата на коронавирусот, но наскоро се очекува нејзин рестарт. Ливерпул во моментов има 25 бодови повеќе од најблискиот ривал на табелата и тие се на праг да го освојат трофејот по 30 години.

Извршниот директор на Премиерлигата, Ричард Мастерс потврди дека ги поддржува плановите за прослава на трофејот како што тоа доликува, доколку здравствената ситуација дозволи такво нешто.

„Ако е возможно, тогаш ние ќе поддржиме прослава на трофејот. Сакаме на овие фудбалери и останати луѓе од клубот да им дозволиме да го доживеат моментот за кој работеа вредно“, кажа Мастерс.

Во понеделникот, премиерлигашите изгласаа да продолжат тренинзите во мали групи од денеска и тоа е само чекор напред пред враќање на натпреварите.

Следна тема на која треба да разговараат клубовите е почнување на нормални тренинзи на клубовите од вторник следната недела, а дотогаш будно ќе се следи ситуацијата.