Никол Боулер пуштила хелиумски балон во воздух над Бирмигем во Велика Британија како би ја одбележала годишнината од смртта на нејзиниот татко, а балонот неочекувано прелетал дури 1.700 километри.

Бидејќи поминувал низ море и копно балонот слетал во Полска каде во селото Трасков во североистокот на земјата во близина на својот дом го пронашол земјоделскиот работник Радослав Гач.

-Понекогаш погледнувам во небо и разговарам со мојот татко. Така мислев и дека балонот ќе одлета до него. Мојот татко не патуваше многу, а овој балон кој прилично далеку летал му значело многу. Би се смеел на ова сигурно, вели Боулер.

Таа заедно со својот сопруг на втори септември пуштиле повеќе мали балони заедно со еден посебен во форма на ѕвезда полни со хелиум. На балоните пишувало „Засекогаш отиде, но никогаш заборавен тато/ Дерек 26 април 1950- 2 септември 2018“.

Од друга страна стоела и пораката „Ве молам напишете ми до каде стигна патувањето на татко ми“.

-Се чувствував тажно, но и среќно бидејќи јас се сеќавам на мојот татко и на неговата годишнина го правам ова, вели таа.

Инаку Гач го додала својот мобилен телефон на балонот, а потоа добила порака од местото во Полска каде е пронајден балонот, па морала да го пронајде на Гугл за да се увери каде се наоѓа селото.

-Помислив дека некој се шегува со мене, не можев да поверувам дека балонот може толку многу да помине, завршува таа.