Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид ги започна подготовките во пресрет на новата сезона.

Оваа сезона Реал Мадрид тргнува амбициозно, а најголемо засилување на тимот на Мадрид е поранешниот играч на Челси,Еден Азард.

На кампот прв се појави Германецот Тони Крос, а интресно е појавувањето на Герет Бејл кој иако не е во плановите на тренерот Зинедин Зидан одбива да замине од „Сантијаго Бернабеу“.

„Кралевите“ патуваат за Монтреал, Канада, каде ќе ја почнат претсезоната и ќе одиграат неколку пријателски средби.