Јужна Америка стана подрачје со најголем раст на заболени од коронавирус, а најмногу во Бразил каде вкупниот број на заболени лица достигна 691.962.

Регистрирани се вкупно 37.312 смртни случаи, објави бразилското Министерство за здравство.

Мексиканското Министерство за здравство информираше дека во неделата потврдени биле нови 3484 случаи на коронавирус и 188 починати лица.