Трансфер прозорецот е затворен и повторно е време за квалификациите за ЕП 2020.

Вчера се одиграа девет натпревари од петтото коло, во кои немаше поголеми изненадувања.

За нас најинтересен беше дуелот во Бер Шева, каде македонската репрезентација ремизираше противдомаќинот Израел со 1:1.

Голотв вреден бод за„жолто-црвените“ беше дело на Аријан Адеми во 65-тата минута, откако претходно Захави го отвори резултатот. Во понеделник избраниците на Ангеловски играат со Летонија во Рига.

Резултати, квалификации за ЕП 2020, 5.коло:

Од 18:00 часот
Ерменија – Италија 1:3

Од 20:45 часот:

БиХ – Лихтенштајн 5:0

Фарски острови – Шведска 0:4

Финска – Грција 1:0

Гибралтар – Данска 0:6

Република Ирска – Швајцарија 1:1

Израел – Северна Македонија 1:1

Норвешка – Малта 2:0

Романија – Шпанија 1:2.