Ријана со екстравагантен стајлинг привлекуваше внимание на својот „дијамантски“ бал кој го организира петта година по ред.

31-годишната пејачка се појави на хуманитарниот настан во креација со впечатлив долен дел од високата мода на Живанши.

Својот моден избор, таа го надополни со бели обувки и бисерни обетки.

Целта на свеченоста е собирање на средства за „The Clara Lionel Foundation“, фондацијата која таа ја основаше во чест на баба си Клара и дедо си Лајонел.

„Навистина сум среќна во моментов. Вечерва најсреќна сум поради огромната поддршка која ја гледам.“

„Можев и сама да бидам на балот и ќе се чувствував добро, но она што ме вивнува во облаци е тоа што луѓето веруваат во мојата кауза и сметаат дека ова е нешто за кое вреди да донираат, нешто во кое вреди да инвестираат“ – изјавила Ријана.