Песната „Боже, чувај ја од зло“ е песна на македонскиот пејач Тоше Проески. Од оваа песна произлезе рускиот плагијат од рок групата “Земляне” со наслов „Боже“.

Како автори на песната се наведени скроз други лица, што е незаконски и е отуѓување на мелодијата. Групата ја претстави оваа песна како нивна премиера, без притоа да наведат кој е оргиналниот автор на нумерата.

На прикаченото видео на Јутуб стои дека ова се авторите:

Автор на текст: Владимир Киселёв

Автор на музика: Владимир Трушин

Револтираните обожаватели на Тоше Проески прашуваат „Дали нешто би се преземало околу ова од тие што го чуваат ликот и делото на Тоше?“

Еве како звучи руската верзија:

извор: signal.mk