Ломбардија, која најмногу е погодена со епидемијата на новиот коронавирус денеска почна да покажува први знаци на евентуално намалување на заразата, изјави Атилио Фонтана, гувернер на таа италијанска северна провинција.

Во регионот, каде се наоѓа и финансискиот центар Милано, досега починаа 1.218 луѓе, а само ноќта помеѓу саботата и неделата регистрирани се 252 смртни случаи.

Фонтана и покрај големиот број на смртни случаи наведе дека има причина за оптимизам, бидејќи новите случаи на зараза почнале да се покажуваат побавно.

– Се уште не сум ја видел официјалната статистика, но можеме да видиме мали чекори напред. Порастот на нови случаи не е толку голем како пред два, три дена. Се надеваме дека ова е почеток на пресвртот, посочи Фонтана, додавајќи дека промената ќе биде забележана во следните неколку денови.

Додека италијанскиот премиер Џузепе Конте во интервју за „Кориере дела Сера“ изјави дела епидемијата се влошува ширум Италија и оти начниците тврдат дека епидемијата се уште не го достигнала врвот.

– Следните недели се ризични, посочи Конте.