Италијанските медиуми пренесуваат дека таткото на Лионел Меси, Хорхе наводно договорил резиденција во центарот на Милано, што многу го поврзуваат со потенцијален трансфер во Интер.

Новинарот Филипо Грасија за Радио Раи откри дека ваквиот потег на семејството не можел да се сокрие, куќата се наоѓа во близина на седиштето на Интер, па така се подгреваат надежите на навивачите на овој клуб.

Договорот на Меси со Барселона истекува во јуни наредната година, па не се исклучува можноста дека се подготвува терен за ваков потег.

Во случај на потенцијален трансвер, повторно би дошло до обнова на ривалството меѓу двата најдобри фудбалери на денешницата, на Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Инаку, претходно ривалството помеѓу Роналдо и Меси траеше од 2009 година до 2018 кага и португалскиот ас настапуваше за Реал Мадрид во шпанската Ла Лига.

Маркетиншки, Роналдо ја подигна Серија А на повисоко ниво, а со евентуалното доаѓање на Меси во Италија тоа би било вистинска експлозија и со надеж конечно да биде прекината доминацијата на Јувентус во Серија А.