Во Париз денеска нема да работат 10 од 16-те линии на метрото.

Се очекува доцнење и на останатите маршрути.

Француската престолнина се подготвува за сериозен сообраќаен хаос поради протест на вработените во метрото, кои се незадоволни од предлогот на Владата за нова пензиска реформа.

Досега работниците во транспортниот сектор користеа посебни привилегии и имаа можност за предвремено пензионирање.

Се очекуваат доцнења и на меѓуградските возови.