После натписите во српските медиуми дека наводно Боки 13 рекетирал за да и врати пари на пејачката Јелена Карлеуша, се огласи и самата таа. Во изјава за Репортер Карлеуша негира дека Боки 13 и должел пари.

„Информациите што ги прочитавте во српските медиуми се апсолутна груба лага. Бојан никогаш од мене не позајмил пари. Никогаш ништо не ми должел, ниту имам сознанија дека му е должен некому во Србија. Сè што можам да кажам за Бојан е дека отсекогаш самиот си плаќал сè, никогаш никој не му го платил дури ни ручекот. Многу ми е жал за сè што се случува и се надевам дека Бојан ќе има јасна и цврста одбрана на своето име. Туку никој не е ни луд ни глупав, јасно е дека работите не се такви како што изгледаат и дека Бојан е жртвено јагне на многу посериозна група луѓе. Се надевам дека ќе има фер судење“, рече Карлеуша во изјавата за Репортер.мк.