Тотенхем сезонава игра очајно, а катастрофалните настапи кулминираа со синоќешниот дебакл од Баерн Минхен (2-7). Во Англија се шпекулира дека ваквите игри се поради лошите односи во тимот, а големо е нетрпението меѓу Јан Вертонген и Кристијан Ериксен.

Наводно, Белгиецот спиел со сопругата на Данецот. Се уште нема официјална потврда, но на значење добиваат зборовите на Киран Трипие кој пред заминувањето во Атлетико Мадрид изјави: „Во екипата се случува вистинска драма, но не сакам да зборувам за тоа“.

Интересен е фактот што покрај тоа што двајцата се дел од најголемите успеси на Тотенхем последните години, тие играа заедно и во Ајакс.

Извор: Екипа.мк