Повторно се соединува најсексапилниот женски бенд, „The Pussycat Dolls“.

По десет години од распаѓањето, Никол Шерцингер потпишала милионски договор, откако подолго време одбивала да ѝ се приклучи на групата.

„Никол заработи неколку милиони фунти за да и се приклучи на групата.

Таа однапред добила многу пари, што значи дека е невозможно сега да се откаже“, изјави извор за магазинот „Сан“.

Никол Шерцингер, Мелоди Торнтон, Кимберли Вајат, Ешли Робертс, Кармит Бачар и Џесика Сатом треба да тргнат на голема светска турнеја, а девојките ќе го потврдат тоа и официјално ќе го објават во следните неколку месеци.

Турнејата ќе биде огромна, а девојките ќе ги изведуваат своите најголеми хитови, додека има и гласини дека може да снимаат нови песни.