Светот е во паника поради пандемијата на коронавирусот. Во морето на негативни вести, има и неколку убави – хуманоста на младите луѓе која им се става на располагање на најранливите сограѓани е една од нив, но сега да зборуваме малку за швалерскиот живот!

Маж од северот на Англија кој моментно е во изолација, се здобил со коронавирус во текот на романтичен викенд со љубовница во Италија.

Она што за неговата сопруга беше „деловно патување“ сега е цел на потсмев во цела Британија.

По враќањето во Англија, отишол на тестирање и на лекарите им раскаж каде бил и со кого. На својата сопруга не ѝ објаснил.

„Таа сè уште мисли дека тој се заразил со вирусот на службено патување. Неговата состојба не е сериозна, затоа му се смееме“, изјавил неименуван извор за британскиот „Дејли мејл“.

„Лекарите очекуваат целосно закрепнување и во исчекување дали неговата сопруга сепак ќе дознае како навистина ја добил болеста.

Извор: кумановски муабети