Македонскиот шампион Вардар ги освои симпатиите на ракометниот свет со феноменалниот завршен турнир во Келн.

Ракометарите на Роберто Гарсија Парондо покажаа карактер, оставија срце на терен и што е најважно докажаа дека клубот и мотивацијата се независни од парите.

Додека се чекаат хероите да пристигнат во Скопје, на социјалните мрежи може да се забележат огромен број на честитки и посвети на успехот на новиот европски првак.

Една од најдосетливите и која сигурно ќе ве насмее е онаа од официјалниот Инстаграм профил на СЕХА регионалната лига. Во главна улога е капитенот на „црвено-црните“, Стојанче Стоилов, а под фотографијата стои натпис:

„Кога не ти се верува што направивте ти и твоите другари за време на викендот“.

Извор: gol.mk