Северна Кореја соопшти дека земјата е погодена со суша, најголема во последните 40 години.

Државната корејска централна новинска агенција КЦНА објави дека во земјата во просек паднале 54,4 милиметри дожд за првите пет месеци од оваа година, што е најниско ниво уште од 1982 година.

Се очекува сушата да трае до крајот на мај.

Претходно месецов, Светската програма за храна и Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) при Обединетите нации соопштија дека храна итно е потребна за 10 милиони луѓе, или околу 40 проценти од населението.

Јужнокорејското Министерство за обединување на двете Кореи, пак, денеска соопшти дека недостигот на храна во Северна Кореја се уште е сериозен и оти на земјата и е потребна странска помош, и покрај медиумските извештаи дека цените на оризот паднале.