Американската скијачка и двократна олимписка шампионка Микаела Шифрин изјави дека се вознемирува кога луѓето се интересираат кога швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ќе стави крај на кариерата.

– Не мислам дека ќе скијам професионално по 35-та година.

Сепак, додека ми се допаѓа она што го работам, едноставно немам причина да престанам.

Ист е случајот со Федерер.

Ме вознемирува што луѓето постојано прашуваат кога ќе ја заврши кариерата.

Се чувствува добро, игра добро.

Треба само да уживаме во фактот дека тој сè уште е на врвот.

Мотивира кога ќе видите како тој ужива во тенисот, истакна Шифрин.

Американката вчера ја забележа втората победа во вториот слалом од новата сезона и вкупно 42. во нејзината кариера.