Манчестер сити ги прекина преговорите за нов договор со фудбалерот од средниот ред Фернандињо.

Сегашниот договор на 34-годишниот Бразилец истекува наредното лето, пренесува „Гардијан“.

Претходно, тренерот на „граѓаните“, Јосеп Гвардиола изјави дека смета на играчот и има намера да го користи како централен дефанзивец.

Оваа сезона, Фернандињо има 10 натпревари во Премиер лигата.