Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а дневната од 21 до 27 степени.

Во петок во раните утрински и претпладневни часови ќе има услови за слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува.

Потоа во наредните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време.